„Дојче Веле“ напоменува дека односите меѓу двајцата претседатели пред соборувањето на рускиот Су-24 беа повеќе од добри. Така, само неколку недели пред инцидентот Путин и Ердоган во Москва присуствуваа на отворањето на најголемата руска џамија.
Освен тоа, германските медиуми пишуваат дека Путин во своите поранешни изјави редовно ги фалеше одличните билатерални односи меѓу Русија и Турција, нагласувајќи дека нивното ниво постојано расне, од година на година.
Во денешното експозе Путин уште еднаш ја обвини Турција за предавство, изјавувајќи дека „Алах, очигледно, ѝ го одзеде паметот на владејачката турска врхушка“.
Во превод на руски тоа значи дека тој засекогаш се збогува со Ердоган, заклучува германскиот медиум.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.