Денеска, на 23 септември, еден ден пред празникот Курбан Бајрам, по десетгодишна реконструкција, ќе биде отворена Соборната џамија на Москва. Површината на московскиот храм е зголемена 20 пати и сега има 19 илјади квадратни метри, што значи дека на заедничка молитва може да прими 10 000 луѓе. По реконструкцијата ова стана најголемо муслиманско светилиште во Европа, пренесува ТАСС.
Се очекува дека на церемонијата на отворањето на џамијата ќе присуствуваат претседатели на неколку држави. Претседателот на Советот на муфтиите на Русија Равил Гајнутдин во својата резиденција ќе ги прими претседателот на Турција Реџеп Ердоган, претседателот на Палестина Махмуд Абас, на Казахстан Нурсултан Назарбаев, како и претседателите на Чеченската република Рамзан Кадиров и на Република Татарстан Рустам Миниханов.
Отворањето на џамијата првични беше планирано за мај 2016 година, но беше одлучено работите да се забрзаат за да се совпадне церемонијата со годината во која се одбележува 70-годишната од Големата Победа. „Ова е ден кога им одаваме почит на ветераните и ден на сеќавање на бранителите на татковината и на оваа џамија која секогаш вршела служба, без да ги затвора своите врати, сите 111 години на своето постоење“, изјави во интервју за ТАСС претседателот на Советот на муфтиите на Русија Равил Гајнутдин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче