„Откако Кремљ на самиот почеток отфрли воен одговор за соборувањето на Су-24, економските мерки излегоа на прв план и станаа фактички безалтернативни. Доколку се сеќаваме, целиот период меѓу нападот врз нашиот бомбардер и указот на Владимир Путин беше исполнет со дискусии за мерките кои може да ги употреби руската држава како одговор на предавничкото однесување на наводниот учесник во антитерористичката коалиција“, објаснува членот на експертскиот совет на Институтот за социјално-економски и политички истражувања Алексеј Зудин.
„Дури и во оваа сложена ситуација, дури и ако се земе предвид дека турскиот претседател продолжува да се однесува провокативно и предизвикувачки, Русија покажа воздржаност во сферата на економските мерки и докажа дека таа останува одговорна држава во однос на соседите. На списокот со мерки, наведени во указот, нема ништо што би допрело до испораката на гас за Турција. На списокот нема ништо што би ги допрело перспективите на економските односи меѓу нашите земји“.
Указот е сразмерен, справедлив, воздржан и одговорен, заклучува експертот, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче