Владимир Путин го потпиша указот за воведување посебни економски мерки спрема Турција. Претседателот Путин наложи да се воведе забрана или да се ограничи увозот на територијата на РФ за одделни видови роба од Турција. Списокот со турски производи чиј увоз во Русија ќе биде ограничен ќе го утврди владата на РФ, пренесува „Комерсант“.
Помеѓу другото, Путин наложи да се забрани или ограничи дејноста на организациите под јурисдикција на Турција на територијата на Руската Федерација. Од 1 јануари 2016 година исто така ќе биде забрането руските работодавачи да вработуваат турски државјани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче