„Тоа беше намерна акција. Мислам дека е осмислена и дека е однапред подготвена“, рече Пушков за ТВ-каналот „Русија 24”. Тој нагласи дека долгорочните последици за таквите постапки на Турција ќе бидат „многу негативни”, пренесува „Взгљад”.
„Се сомневам дека Турција итно стапила во контакт со Вашингтон и дека Вашингтон дал зелено светло за таа акција, но мислам дека можноста да се разговарало за таква акција на Турција е исклучително голема“, рече Пушков.
Според неговите зборови, за тоа сведочи поддршката за Турција од страна на претседателот Барак Обама и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, која се состои во тоа дека според нивното мислење, Турција имала право да го брани својот суверенитет.
„Мислам дека извинувања овде нема ништо да променат. Не треба да чекаме извинувања. Мораме да ги изградиме нашите односи со Турција на тој начин идната влада (на Турција) да сфати дека такви акции во однос на Русија се недозволиви“, заклучи Пушков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче