НАТО смета дека рускиот Су-24 го нарушил воздушниот простор на Турција

Според зборовите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Турција веќе имала контакти со Русија во врска со срушениот авион.

НАТО смета дека срушениот руски Су-24 во Сирија го нарушил воздушниот простор на Турција, пренесува ТАСС.

Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по вонредната седница на Советот на НАТО, свикан по иницијатива на Турција за консултации во врска со инцидентот.

„НАТО доби информација од Турција и другите сојузници која, според нашите оценки, одговара на она за што нѐ информираше Турција“, изјави тој.

Столтенберг исто така истакна дека НАТО го смета за неопходен развојот на воени механизми за спречување инциденти меѓу РФ и Турција. „НАТО повикува и ги поздравува контактите меѓу Москва и Анкара во ситуацијата со срушениот Су-24 во услови на мир и деескалација“, изјави тој.  

Според зборовите на генералниот секретар, „Турција веќе имаше контакти со Русија во врска со срушениот авион. НАТО немаше контакти со Русија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња