ЕУ го призна значењето на „Турски тек”

Европската унија ги наведе како приоритетни проектите за три гасоводи кои можат да бидат продолжение на „Турски тек”.

Европската унија ги нарече приоритетни проектите за три гасоводи кои можат да бидат продолжение на „Турски тек“.  Претходно европските власти имаа поинаков став и имаа намера да се откажат од рускиот гас, пренесува „Росијскаја газета”.

На списокот со приоритетни проекти се најдоа гасоводите Турција- Грција - Австрија, Турција - Бугарија - Романија - Унгарија – Австрија, како и Турција - Бугарија - Романија - Унгарија - Словачка. Овие гасоводи можат да бидат јужен транспортен коридор преку кој рускиот гас ќе се испорачува до земјите од централна и југоисточна Европа.

Претходно Русија ја запре изградбата на долго планираниот гасовод „Јужен тек“ кој требаше да ја врши оваа функција. Тоа се случи поради заладувањето на односите меѓу Русија и ЕУ изминативе година и половина. Европските власти на сите можни начини ја отежнуваа реализацијата на проектот.

Место „Јужен тек” Русија реши да изгради гасовод на територијата на Турција. Оттаму рускиот гас заедно со горивото од Блискиот Исток ќе може да стигне на територијата на ЕУ. Во последно време европските земји се сомневаа во практичноста на овој проект и соопштија за намерата значително да ја намалат потрошувачката на руски гас.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 13 ноември изјави дека реализацијата на проектот „Турски тек“ не губи на динамика, како и тоа дека тој потполно им одговара на интересите на Русија и на Турција, но дека за негова реализација ќе биде потребно време.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња