„Турски тек“ не ја губи динамиката, проектот одговара на интересите на РФ и Турција, но бара детално проучување, изјави претседателот на РФ Владимир Путин во интервју за информативните агенции „Интерфакс“ и „Анадолу“, пренесува ТАСС.
„Не можам да се согласам дека „Турски тек“ ја губи динамиката. Проект од толку големи размери не може да се проучи и усогласи за еден час“, изјави претседателот. Тој истакна дека во проектот има „премногу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, вклучувајќи го бројот на краци на гасоводот, имајќи ги предвид реалните потреби за обемот на закупувањето и пренос на гасот на кои им претстои решавање со нашите турски колеги“.
„Колку поквалитетно ги одработиме, толку побрзо, со помали ризици и потрошувачка на ресурси ќе го реализираме замисленото, ќе обезбедиме непрекината испорака на рускиот гас директно до турските потрошувачи. Најважно е што наведениот проект во полна мера одговара на интересите на Русија и Турција. Во тоа сме единствени со мојот турски колега Реџеп Таип Ердоган“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче