Русија, Украина и ЕУ се договорија за цената на гасот за Киев

Цената на гасот за Украина со попуст ќе изнесува 232 долари за 1 илјада кубни метри, соопшти потпретседателот на Европската комисија за енергетика Марош Шефчович.

Според зборовите на Шефчович, „Русија презема обврска да ја намали цената на гасот до степен која е споредлива со цените што се понудени на соседните земји на ЕУ“, пишува „Взгљад“.   

„Русија веќе го објави намалувањето на давачката од 251 долар на 232 долари“, рече Шефчович.

Според неговите зборови, протоколот во кој се утврдени условите за испорака на руски гас за Украина го опфаќа периодот од 1 октомври од тековната година до крајот на март 2016 година и дека украинската страна се обврзува да купи 2 милијарди кубни метри гас за полнење на подземните складишта за гас и дека ќе ги исплати соодветните средства за купување на гас од „Гаспром“.   

Од друга страна, министерот за енергетика на Русија Александар Новак изјави дека „Гаспром“ го потпишал договорот и очекува и „Нафтогас на Украина“ да го потпише. Тој додаде дека спогодбата се однесува на технички прашања, а не на цената.

„Тоа не се однесува на цената. Цената е табу“, изјави Новак.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.