Порошенко: Агресивната Русија ја блокира украинската роба

Претседателот на Украина Петро Порошенко во вторникот изјави дека Русија практично во целост ги затворила своите пазари за украинските производители, затоа што само 2% од производствениот извоз доаѓа до Русија.

„Русија практично во целост ги затвори за нас, за украинските производители, своите пазари и како за пример, само 2% од украинскиот производствен извоз доаѓа до затворените руски пазари“, изјави Порошенко на седницата на владата, пренесува РИА „Новости“.

Според мислењето на украинскиот претседател, Москва не го прави тоа заради економски цели. „Не станува збор за никаква заштита на економските интереси на Русија. Нејзината цел е исклучително политичка – да се задуши нашата држава, да се дестабилизира, максимално да се влоши социјално-економската положба на Украинците“, додаде шефот на украинската држава.

На 13 август премиерот на Русија Дмитриј Медведев соопшти дека се воведува ембарго на прехранбени производи од Албанија, Црна Гора, Исланд, Лихтенштајн и Украина кои претходно им се приклучија на антируските санкции на ЕУ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња