Јацењук: Украина ќе ги врати Донбас и Крим

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави во текот на својата посета на САД дека Украина ќе ги врати во свој состав Донецк, Луганск и Крим, пренесува РИА „Новости”.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави во текот на својата посета на САД дека Украина ќе ги врати во свој состав Донецк, Луганск и Крим, пренесува РИА „Новости”.

Според неговите зборови, овие територии му припаѓаат на Киев и тој ќе воспостави контрола над нив. Тој, исто така, истакна дека Украина не се штити само себеси, туку и „Европа и меѓународниот поредок“. Во врска со тоа украинскиот премиер ја истакна важноста на испораката на оружје за украинската војска. „Тоа оружје не е само за Украина, туку и оружје за одбрана на источните граници на ЕУ“, изјави Јацењук.

Тој го коментираше исходот на самитот Г-7, велејќи дека земјите од Г-7 го потврдиле својот став во врска со поддршката за Украина, како и дека е убеден дека санкциите против Москва ќе бидат продолжени.

„Политичките сигнали се мошне сериозни, но покрај нив потребно е да се додадат и економски, финансиски и воени сигнали“, додаде украинскиот премиер.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.