Четири воени победи што ја спасиле Русија од уништување

Zelma/Sputnik
Победите на бојното поле обично ѝ носеле на Русија нови територии, престиж и влијание. Но, имало и судбоносни битки во кои се водела борба за опстанок.

Куликовска битка (1380)

Во 14 век, по 150 години монголско економско и политичко ропство и безнадежност во погоед на посветла иднина, Русите добиле шанса за ослободување кога во Златната орда пламнала борба за власт.

Од сите руски земји тогаш најмоќна била Големото московско кнежевство. Тоа му се спротивставило на војсководецот Мамај кој ја узурпирал власта во Ордата. Овој конфликт е крунисан во 1380 година со битката на Куликовското поле покрај реката Дон, недалеку од Тула.

Не постојат точни податоци за бројната состојба на војската. Се претпоставува дека учествувале вкупно околу 60.000 војници.

Во еден момент битката била речиси изгубена, но Русите тогаш настапиле со своите скриени резерви и ја нападнале монголската коњица од зад грб. Така наместо со пораз, оваа битка била завшена со голем триумф. Монголците биле разбиени и принудени да се повлечат.

Руските кнежевства по оваа победа зависеле од Монголското царство, но битката на Куликовското поле била огромен чекор во насока на конечно ослободување. Репутацијата на монголската војска била разнишана, а Москва цврсто зазела место на политички центар кај руските кнежевства.

По Куликовската битка Монголците не успеале да го повратат некогашното влијание на руската територија. Русија конечно била ослободена во 1480 година, цел еден век подоцна.

Полтавска битка (1709)

Големата Северна војна се водела уште во 18 век, но нејзиниот исход влијае на судбината на Русија и на Шведска до денешен ден. Шведска пред битката била хегемон на Северна Европа и ја имала една од најмоќните армии на светот. По битката станала речиси незначајна држава на источната периферија на Европа.

Швеѓаните фактички ја изгубиле војната пред таа официјално да биде завршена во 1721 година. Во Полтавската битка во 1709 година императорот Петар Први ја срамнил со земја шведската војска.

Во првите години на војната шведскиот крал Карл Дванаесетти бил непобедлив. Неколку пати ја победил Русија и нејзините сојузници Саксонија, Полска и Данска. За конечно да ги собори Русите организирал поход во длабочината на руската територија, но се задржал во градот Полтава кој го држел под опасда. Таму на 8 јули шведската војска се судрила со руската, на чие чело бил царот Петар. Оваа битка била решавачка.

Русите ги одбиле нападите на шведската пешадија и на коњицата, и конечно тргнале во контранапад. Швеѓаните биле принудени да се повлечат и набргу ова повлекување преминало во хаотично бегство.

Потоа следувал крах на шведската армија. Швеѓаните изгубиле 7.000, а Русите 1.300 војници. Два дена подоцна, речиси 16.000 шведски војници им се предале на Русите за време на преминувањето преку Днепар.

Со победата кај Полтава Русите ја презеле иницијативата и ја одржале до крајот на војната. Репутацијата на руската војска била на врвот. Европејците веќе тогаш почнале да ја третираат Русија како империја, иако Петар Велики официјално се прогласил за император во 1721 година.

Сталинградска битка (1942-1943)

Сталинград бил од големо значење за нацистите. Тоа бил крупен индустриски центар на Волга, раскрсница која ги спојува Централна Русија со Кавкаскиот регион и со Централна Азија. Покрај тоа, заземањето на „градот на Сталин“ би претставувало голема победа на Хитлер од гледиште на пропагандата.

Во септември 1942 година започнале жестоки улични борби во кои двете војски се бореле буквално за секоја зграда. Русите често биле принудувани да ги напуштат положбите во некоја зграда, а потоа повторно да ги заземат, и повторно да ги напуштат.

Сталинградските фабрики за трактори и за артилериско оружје се наоѓале на неколку километри од линијата на фронтот и не го прекинувале производството дури и кога вооружените судири стасувале до нивните територии.

Во ноември 2 милиони војници од двете страни учествувале во борбите за градот. На Германците им помагале единици од италијанската, хрватската, унгарската и романската армија.

Романците биле најслабата алка во овој синџир и најмногу придонеле за поразот на германските единици во Сталинград. Кога Германците продреле длабоко во градот романските единици ги затвориле своите крила. Советската војска на 19 ноември тргнала во операцијата „Уран“, извршила пробив на романската линија и ја опколила германската Шеста армија, која во јануари била ликвидирана.

Победата во Сталинград имала големо военополитичко влијание врз сојузниците и често се смета дека била пресвртница во Втората светска војна. Германија доживеала голема катастрофа и била принудена целосно да ја преиспита својата стратегија на Источниот фронт.

Курска битка (1943)

Курската битка е еден од најголемите судири во светската историја. Во неа учествувале над 3 милиони војници од двете страни. Германците сакале да се одмаздат за Сталинград и повторно да ја преземат иницијативата. Нивниот план се состоел во тоа да ги опколат советските единици кај Курск и да извршат два големи напади. Советската армија, сепак, била подготвена за оваа офанзива и давала силен отпор.

Во Курската битка во близина на Прохоровка дошло до најголемиот тенковски судир во историјата (учествувале над 1.000 тенкови). Новите моќни германски тенкови „Тигар“ се бореле против прочуените советски тенкови Т-4. И покрај големите загуби, ниту една страна не однела победа.

Германската офанзива е запрена и Советите тргнале во контраофанзива по што брзо извршиле пробив на фронтот. Во Москва со огномет било одбележано ослободувањето на градовите Белгород и Орјол. Тоа било прва прослава од ваков вид во текот на војната.

Победата во Курската битка била овозможена од претходната победа во Сталинград. Тоа бил последниот, неуспешен обид на Германците да ја повратат инцијативата на Источниот фронт. По Курската битка советската армија ја презела контролата на боиштето и со крупни чекори напредувала кон конечна победа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња