Русија нема да учествува во реструктуризацијата на долгот на Украина, изјави заменик-министерот за финансии Сергеј Сторчак, пренесува ТАСС.
„Не, ние нема да учествуваме во должничка операција“, истакна Сторчак. Тој исто така истакна дека во јуни Москва очекува од Киев исплата на следната кредитна транша.
Русија е еден од имателите на еврообврзниците на Киев – поседува обврзници од 3 милијарди долари. Во јуни 2014 година Украина исплати 73,3 милиони долари, а во декември уште 75,5 милиони.
Претходно, на 10 април, Комитетот на приватните кредитори на Украина, кој ги обединува имателите на хартии од вредност во износ од 10 милиони долари, исто така одби да ги отпише долговите.
Истовремено Украина треба до 2019 година да заштеди за сервисирање на надворешниот долг 15 милијарди долари. Тоа е еден од условите за идно добивање на финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд.
Надворешниот долг на Украина на крајот на март 2015 година порасна за 8,3 проценти, или за 2,4 милијарди долари. Неговиот размер достигна 32,8 милијарди долари. Народната банка прогнозира дела севкупниот долг на земјата ќе изнесува 93% БДП на крајот на годината.
На 17 февруари Сергеј Сторчак искажа претпоставка дека Русија може да земе учество во програмата за финансиска поддршка на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче