Политиката на Европската унија спрема Русија станува помека и се движи во насока на економска соработка, без оглед што Вашингтон продолжува да ја обвинува Москва за мешање во украинскиот конфликт, напиша експертот на Грчкиот фонд на европската надворешна политика Георг Цогопулос за кинескиот весник „Глобал Тајмс“.
„Позицијата на ЕУ и на Германија како локомотива на нејзиниот економски развој е мошне јасна; обновата на украинската економија е еден од приоритетите на надворешната политика. Спогодбата за зоните за слободна трговија DCFTA, чија реализација е планирана за јануари 2016 година, на најдобар начин ја илустрира позицијата на ЕУ“, смета експертот.
Цогопулос наведува дека ЕУ продолжува да бара начини за економска соработка со Русија и во услови на санкции. Во изјавата на Путин за „зоната за слободна трговија од Лисабон до Владивосток“ лидерите на Германија гледаат иднина за таквата соработка.
Како што пишува експертот, Ангела Меркел на економскиот форум во Штралзунд, зборувајќи за создавањето слободна трговска зона со Украина и Молдавија, изјави дека тој чекор не е насочен против Москва, туку дека во овој модел има место и за Русија.
„Задршката во реализацијата на DCFTA меѓу ЕУ и Украина значи дека Брисел го гледа учеството на Киев во Евроазиската економска унија, како и тоа дека Европа планира да формира трговска зона меѓу ЕУ и Русија. Брисел се труди чекор по чекор да ја врати довербата на Москва и да ја вовлече во вносна политичка игра која подразбира и обврски, но и добивка“, смета Цогопулос.
Тој наведе дека Берлин може да има улога на архитект во таквиот вид на соработка. Бизнис елитата на Германија, и покрај притисоците од страна на САД, и самата вши притисок врз германските политичари, затоа што смета дека изолацијата на Русија е неисплатлива.
Цогопулос смета дека ЕУ ќе ѝ предложи на Москва активна соработка доколку украинското прашање биде решено со помош на Минската спогодба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче