Началникот на Генералштабот на Украина: Руската војска сепак е присутна во Украина

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина, генерал-полковник Виктор Муженко, изјави дека во Донбас сепак има регуларна војска на РФ, пренесува „Взгљад“.

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина, генерал-полковник  Виктор Муженко, изјави дека Украина наводно ги „осуетила плановите за напад“ на руската војска и со тоа го демантираше својот претходен исказ дека во Донбас нема регуларна војска на РФ.   

„Моите зборови беа извадени од контекст. Вистина е дека на 29 јануари на конференција реков дека „не водиме борба со регуларна војска“. Во тоа време навистина немаше документирани судири со регуларната војска на РФ“, рече Муженко, а пренесува „Взгљад“.

Според него, Киев сега наводно има потврда дека во текот на февруари во борбите учествувала регуларна војска на Русија во населбите Чернухино, Логвиново и Дебалцево.

Муженко тврди дека Украина ги осуетила понатамошните напади на руската војска. Како што изјави тој, во Украина и понатаму се 15 моторизирана единица на Втората армија на Централната воена област на Русија,  8 моторизирана пешадиска единица, 331 воздушен полк од Кострома и други.

Москва многупати има изјавено дека не учествува во настаните во внатрешниот украински конфликт. Така рускиот претседател Владимир Путин на „Директната линија“ на 16 април изјави дека во Украина нема, ниту имало руска војска.

„Руска војска нема во Украина. Тоа најдобро го објасни началникот на Генералштабот на украинската војска во текот на последниот конфликт во Донбас, кога отворено кажа дека „ние не војуваме со руската армија“, рече Путин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.