МНР: Група земји од ЕУ ги задржува „ревносните“ партнери од воведување нови санкции

Низа земји од Европската унија ги задржуваат своите „ревносни“ партнери да не воведат нови санкции против Москва, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков, пренесува РИА „Новости“.

„Значителна група земји во Европската унија им обрнува внимание на своите, благо кажано, ревносни партнери на тоа дека процесот за реализација на Минската спогодба трае и дека доколку некој го нарушува, тоа е Киев, а не ЛНР и ДНР, а уште повеќе не е Русија“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков, пренесува РИА „Новости“.

Тој исто така изјави дека засега не се донесени никакви одлуки за санкции против Русија. Следниот самит на ЕУ ќе се одржи на 19 март.  

Денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека смета дека санкциите против Москва треба да траат во функција на поддршка на реализацијата на Минската спогодба и на односите на САД и Европската унија.

Во петокот извор од дипломатската мисија на една од водечките земји во ЕУ во Брисел кажа дека прашањето за санкциите на ЕУ против Москва може да биде решено единствено на следниот самит на ЕУ во јуни.  

Пред тоа, во средата, првиот заменик-претседател на Европската комисија  Франц Тимерманс изјави во Европскиот парламент дека ограничувањата во однос на Москва треба да останат дел од стратегијата на Европската унија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња