Активностите на САД во Балтичкиот регион се насочени кон заострување на ситуацијата околу Украина и минирање на Минската спогодба, убеден е политикологот, директор на Центарот за интердисциплинарни истражувања Хоакин Флорес, пишува РИА „Новости“.
Коментирајќи го пристигањето на американските војници во балтичките земји, аналитичарот истакнува дека Вашингтон прикажува лажни разузнавачки податоци за балтичкиот регион за да покаже дека Русија ќе ги засилува своите воени дејствија во тој дел.
„Единственото што јасно го гледаме ние е тоа дека САД прават сѐ што е можно да ја прекршат Минската спогодба“, изјави тој во интервјуто за „Прес ТВ“ (Press TV).
Флорес истакна дека со испораката на оружје за Украина, САД се обидуваат да постигнат две цели.
Едната е економска: продажбата на оружје ќе ѝ оди во полза на воената индустрија, а втората – „да ги исплаши Летонија и полските лидери, убедувајќи ги дека таму се случува нешто, иако тоа не е така“.
Вашингтон е вознемирен, потенцира политикологот, затоа што европските лидери се разидоа во мислењата со НАТО и САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче