„Гаспром“ денес испорачува гас како на поранешните пунктови за примопредавање за Украина, така и на новите - на границата на Луганската и Донецката област, соопшти INTERFAX.RU.
„Согласно барањето од „Нафтогас на Украина“, „Гаспром“ денеска ја зголеми испораката на гас за Украина, вклучително и преку мерните станици „Прохоровка“ и „Платово“, изјави за новинарите претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.
Претходно се дозна дека „Гаспром“ додал нови пунктови за примопредавање на гасот за при испораката за Украина. Вкупниот обем на испорака на гориво за Украина според договорот изнесува 12 милиони кубни метри на ден.
Набрзо потоа во „Нафтогас на Украина“ изјавија дека испораката на гас во регионите што не се под контрола на Киев противречат на договорот, затоа „Нафтогас“ нема да плати за нив.
Во средата навечер Украина ја прекина испораката на гас на територијата на самопрогласените Луганска и Донецка народна република.
Од „Нафтогас“ го објаснија прекинот на испораката со оштетувањата на гасоводната структура кои се појавиле во текот на борбените дејствија. Во самопрогласените републики ова го оценија како обид да се изврши економски притисок врз регионите што не се под контрола на Киев. Исто така, беше отфрлена и информацијата дека украинската компанија ја обновила испораката на гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче