Западни медиуми: учесниците на референдумот на југоистокот на Украина ги чекаат решенијата на Путин

Учесниците на референдумите на југоистокот во Украина ги чекаат решенијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува The Telegraph.

Учесниците на референдумите на југоистокот во Украина ги чекаат решенијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува The Telegraph. Резултатите од гласањето, според весникот, биле предвидливи, и сега целото внимание е насочено кон Кремљ. Како што беше објавено претходно, во Кремљ изјавија дека Русија со почит се однесува кон спроведувањето на референдумите во Донецката и Луганската област во Украина.

Весникот смета дека во понеделник или вторник „Донецката народна република“ речиси сигурно ќе прогласи независност, и за украинската криза ќе започне „нова и поопасна фаза“. Освен тоа, весникот смета дека „засега нема знаци“ дека Путин решил да го повтори кримското сценарио.

The Washington Post смета дека референдумите можат да ги зголемат недоразбирањата во Украина, „која и онака се движи кон граѓанска војна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.