Лавров ја повика Германија, Полска и Франција да влијаат врз украинската опозиција

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изрази загриженост до шефовите на дипломатиите на Франција; Германија и Полска поради непочитувањето на договорот, потпишан на 21 февруари во Киев.

„Опозицијата не само што не исполни ниту еден од своите обврски, туку и доставува нови барања, а со тоа сам им помага на вооружените екстремисти, чии дејства претставуваат директна закана за суверенитетот и уставниот строј на Украина“, се кажува во соопштението објавено во саботата на интернет-страницата на МНР на РФ:

Поради тоа, Лавров ги повика своите европски колеги да го искористат своето влијание врз опозицијата за да „се смират хулиганите“.

„Треба да е прекине со залажувањето на светската јавност дека денешниот Мајдан ги прикажува интересите на украинскиот народ“, забележано е од МНР на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња