Медведев: Русија ќе ги исполни ветувањата дадени на Украина

Русија ќе продолжи да соработува со Украина, но ќе ја земе предвид легитимноста на власта, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев.

Русија ќе продолжи да соработува со Украина, но ќе ја земе предвид легитимноста на власта, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека Русија ќе се придржува на сите договори склучени досега. „Во исто време, сметаме дека власта (во Украина) мора да функционира на страната на луѓето и нивната заштита, мора да ги заштити органите за спроведување на редот и законот, кои стојат на браникот на државните интереси и ги штитат луѓето. Само на тој начин може во целост да се развива економската соработка“, изјави премиерот. Медведев апелираше на членовите на владата на Русија да се држат до тој став. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња