Украина до 2020 година во целост самата ќе ги снабдува домашните потреби од гас, соопшти претседателот на државата, Виктор Јанукович.
„Реализацијата на проектите со корпорациите Shell и Chevron ќе ѝ доволи на Украина до 2020 година во целост да ги задоволи своите потреби од гас, а според оптимистичките сценарија - дури и да извесува“, изјави Јанукович на состанокот на Советот на домашните и странските инвеститори.
Претходно украинските власти изјавија дека имаат намера до 2020 година целосно да се откажат од рускиот гас, заменувајќи го со алтернативни рути и начини на експлоатација.
Над договорите за гас меѓу Украина и Русија повторно има „облаци“ поради очекувањето Киев да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија. „Гаспром“ изјави дека ако Киев не го уплати долгот од 882 милиони долари, ќе воведе „припејд“ систем на испорака на гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче