Лукашенко: Ако Киев потпише договор со ЕУ, Царинската унија ќе преземе соодветни заштитни мерки

Потпишувањето на договорот за приклучување на Украина кон Европската унија не треба да овозможи пристап на оваа земја кон идната Евроазиска унија, изјави Александар Лукашенко на 21 октомври за време на средбата со челниците на медиумите од земјите на ЗНД, соопшти прес-службата на претседателот на Белорусија.

Лукашенко смета дека потпишувањето на договорот за приклучување кон ЕУ не мора на Украина да ѝ ги затвори вратите за Царинската унија. „Меѓутоа, доколку договорот на Украина со ЕУ биде штетен економски, тогаш ние нема да се сложиме“, изјави тој.

Објаснувајќи како Белорусија ќе го спречи увозот од територијата на Украина доколку официјален Киев го потпише договорот, Лукашенко додаде: „Сите членки на Царинската унија ќе преземат соодветни заштитни мерки. Ќе го примениме единственото правило на Царинската унија: доколку биде неопходно, ќе ја зголемиме царината за одредени видови стоки.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.