Јануари
1. Зимата 2020/21 беше прилично студена со температури под 50 степени според Целзиус во определени подрачја на Сибир. Но, затоа жителите на Краснојарск, на пример, приредуваа вакви феноменални „ледени огномети“. Кода зовриена вода ќе фрлите во вис во воздухот таа моментално замрзнува!
Иљја Најмушин / Sputnik
2. Како и секоја година жилавите граѓани на Русија не ја испуштија можноста да нурнат под мразот на православниот празник Богојавление на 19 јануари. Погледнете повеќе фотографии од овој обичај на мраз.
Павел Лисицин / Sputnik
Февруари
3. Масовна вакцинација во Русија. Властите организираа дури и наградни игри во кои вакцинираните граѓани добиваат гаџети, автомобили и станови. Патем, дури и некои странци примија „Спутник V“ и го поделија со нас своето искуство. Подетално прочитајте тука.
Гаврил Григоров / TASS
4. Страшило КОВИД-19 е запалено за време на прошталниот Зимски фестивал во сибирскиот град Тјумењ.
Сергеј Русанов / Sputnik
Март
5. За првпат во историјата сите три руски натпреварувачки во поединечна женска конкуренција го зазедоа целиот пиедестал на Светското првенство во уметничко лизгање во 2021 година.
Александар Вилф / Sputnik
Април
6. Најстарото кино во Москва беше отворено по долготрајна реконструкција... и изгледа фантастично!
Агенција „Москва“
Мај
7. Фотографија без скриена смисла. Мајка и ќерка се шетаат по прекрасно поле со булки на Крим!
Сергеј Малгавко / TASS
8. Парадата по повод Денот на победата во Волгоград имаше необичен учесник. Патем, кучињата навистина многу ѝ помогнале на Црвената армија во совладувањето на нацистите. Дознајте повеќе за ова тука.
Дмитриј Рогулин / TASS
Јуни
9. Традиционалниот годишен фестивал „Алови едра“ („Алые паруса“) посветен на матурантите не се одржа во 2020 година, но годинава сепак се одржа и тоа со присуство на гледачи.
Пјотр Коваљов / TASS
Јули
10. Во поголемите руски градови ова лето беше навистина жешко. Погледнете повеќе фотографии кои ја доловуваат жештината во Русија.
Сергеј Ведјашкин/Агенција „Москва“
Август
11. Водете љубов, а не војна! Фотографија од натпревар во тенковски баталјон за време на Меѓународните армиски игри 2021 одржани во август во близина на Москва.
Сергеј Фадеичев / TASS
12 Руските спортисти поради скандалот со допинг мораа да настапуваат под знамето на Рускиот олимписки комитет, а не под руската национална бело-сино-црвена тробојка. (И наместо државната химна беше интониран Концертот број 1 за клавир од Петар Иљич Чајковски). И покрај сè, спортистите одлично настапија и освоија 20 златни медали, а поставија и неколку нови и неочекувани рекорди. Повеќе детали тука.
Martin Rickett/PA Images/Getty Images
Септември
13. По повод 800-годишнината од раѓањето на Александар Невски, рускиот средновековен кнез, Московското метро пушти во сообраќај специјален воз.
Сергеј Кисељов/Агенција „Москва“
14. Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ конечно беше завршена на 10 септември 2021 година. Овој систем долг 1.234 километри ги спојува Русија и Германија преку Балтичкото море.
Jens Büttner/dpa/Global Look Press
Октомври
15. Прекрасниот руски павилјон беше откриен на долгоочекуваната изложба Експо 2020 во Дубаи. Направен е во вид на џиновска купола која однадвор е обложена со голем број мали разнобојни цевчиња. Внатре е прекрасната мултимедијална инсталација која ја демонстрира структурата на човековиот мозок и начинот на кој тој функционира. Тука можете да видите повеќе фотографии.
16. Бурен ветар на 22 октомври урна еден забец на ѕидините на московскиот Кремљ.
Максим Григорјев / TASS
17. За првпат во историјата еден долгометражен филм беше делумно снимен во космосот! Глумицата Јулија Пересиљд и режисерот Клим Шипенко беа членови на првата космичка филмска екипа во историјата на кинематографијата. Тие полетаа на Меѓународната вселенска станица каде минаа 12 дена. Прочитајте го интервјуто што Шипенко го даде по враќањето!
Рамиљ Ситдиков / Sputnik
Ноември
18. Оваа година зимата прилично рано стаса во европскиот дел од Русија и донесе многу снег.
Василиј Федосенко / TASS
Декември
19. Првпат за 15 години руската тениска репрезентација победи на Дејвис-купот. Им честитаме на нашите спортисти! Во прв план е Андреј Рубљов, а зад него од левата страна е Данил Медведев.
Clive Brunskill / Getty Images
20. Главниот уредник на весникот „Новаја газета“ Дмитриј Муратов ја доби Нобеловата награда за мир за 2021 година. Оваа фотографија е направена во Осло на 10 декември додека држеше говор по повод добивањето на наградата. Подетално за Дмитриј Муратов прочитајте тука, а за сите добитници на Нобеловата награда тука.
Сергеј Бобилев / TASS
21. Во Москва е отворен новиот долгоочекуван центар на уметноста Домот на културата ГЕС-2. Се наоѓа на местото на една стара советска електрана. Денес тука е сместена Фондацијата ВАЦ за Русија. Скулптурата под назив „Големата глина“ пред зградата на почетокот од годината предизвика голем скандал кај московјаните.
Press photo
22. Десет нови станици на Московското метро беа отворени на ист ден! Претходно тоа се имаше случено во 1935 година кога беше отворено метрото. Ова е прекрасната станица Терехово на Големата кружна линија која сè уште се гради. Погледнете ги и другите нови станици.
Агенција „Москва“