Зошто на Олимпијадата во Токио се интонира Чајковски наместо руската химна?

Руски спортистки, членки на тимот на Рускиот олимписки комитет - Лилија Ахаимова, Викторија Листунова, Ангелина Мељникова и Владислава Уразова (од лево кон десно), кои го освоија златото во женскиот екипен повеќебој во гимнастика на 32 Летни олимписки игри во Токио, на доделувањето на наградите.

Руски спортистки, членки на тимот на Рускиот олимписки комитет - Лилија Ахаимова, Викторија Листунова, Ангелина Мељникова и Владислава Уразова (од лево кон десно), кои го освоија златото во женскиот екипен повеќебој во гимнастика на 32 Летни олимписки игри во Токио, на доделувањето на наградите.

Алексеј Филипов/Sputnik
Руските спортисти се искачуваат на пиедесталот на Летните олимписки игри во Јапонија под звуците на класична музика. Зошто не се интонира руската химна?

Поради „допинг скандалот“ во 2015 година, на руските спортисти им е забрането на Олимпијадата во Токио да настапуваат како руски тим, да ја пеат руската химна и да го носат руското државно знаме. Наместо тоа, руските спортисти настапуваат како тим на Рускиот олимписки комитет.

Центар за спортови на вода. Пливање. Мажи. Штафета 4х200 метри слободен стил. Церемонија на доделувањето на наградите на спортистите на тимот на Рускиот олимписки комитет кои освоија сребрени медали.

 

Гледачите на Летната олимпијада во Токио можеа да ја забележат необичната музика што се слуша додека освојувачите на олимпиското злато од Русија се искачуваат на пиедесталот. Тоа е Концертот бр. 1 за пијано и оркестар во б-мол што 1874-1875 година го компонираше Петар Илич Чајковски, веројатно еден од најпознатите светски признатите руски композитори. Концертот првпат беше изведен во Бостон 1875 година, а изведувач беше Ханс фон Билов со оркестар под диригентската палка на Бенџамин Џонсон Ланг.

Фрагментот и адаптацијата на мелодијата што се користи на Олимпијадата ги подготви најпознатиот современ руски пијанист Денис Мацуев.

Оваа мелодија е официјално одобрена од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), иако Олимпискиот комитет на Русија предлагаше друга мелодија. Првичниот предлог беше советската „Катјуша“, патриотска песна што стана позната за време на Втората светска војна и неофицијално се третира како химна на Големата патриотска војна.

МОК не ја одобри таа мелодија, сметајќи дека таа премногу потсетува на Русија и затоа Рускиот олимписки комитет како понеутрална варијанта го предложи Чајковски, кому во 2020 година беше одбележана во 180-годишнината од раѓањето.

Ова не е прв меѓународен натпревар во кој се користи оваа музика. Руските спортисти веќе втора година по ред настапуваат под неутрално знаме. Концертот за пијано бр. 1 веќе се користеше на церемониите за доделување медали на светските првенства во брзо лизгање, ритмичка гимнастика и хокеј.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња