Температурата се движи околу 33-34 Целзиусови степени, а сонцето сјае толку силно што некој би можел да си помисли дека се наоѓа во Дубаи или Мексико! Метеоролозите велат дека овие аномални горештини се предизвикани од антициклон.
Луѓе се ладат во фонтана на жешкиот летен ден во центарот на Москва на 22 јуни 2021 година.
AFPВо Москва температурата ги урива сите рекорди. Во текот на денот веќе две недели е над 33 степени, а во некои региони се искачува и на 37 степени. Московјаните бараат спас во градските фонтани, паркови и сите зони каде што во предградијата е дозволено капење.
Московскиот парк ВДНХ, 22 јуни 2021 г.
Moskva agencyУлиците се прскаат со вода на секои три часа за да не се прегрее асфалтот. Патниците на московското метро можат бесплатно да добијат вода од волонтерите. Летото во Москва е незамисливо и без огромната количина на „маца“ од топола.
Мешчерското езеро во Москва
Сергеј Фадејчев/TASSВо Санкт Петербург температурата е незначително пониска – се движи околу 31-32 степени, но неодамна беше забележана максимална температура нешто над 35 степени Целзиусови. Обично ретко надминува 25 степени.
Во парк во Санкт Петербург
Александар Демјанчук/TASSЗа локалното население жештината послужи како повод за отворање на сезоната на капење во инаку секогаш студениот Фински залив. Корисниците на интернетот веднаш започнаа да ги споредуваат плажите на овој северен град со Сочи, Анапа и другите најпопуларни одморалишта на југот на Русија.
Островот Василевски во Санкт Петербург
Владимир Астапкович/SputnikПросечната температура во Казањ оваа недела е 30 степени Целзиусови, додека во некои региони достигнува и 35 степени. Обично во јуни температурата таму е околу 20 степени. Според податоците што ги изнесува онлајн-продавницата Озон, сега клима-уредите бележат побарувачка четири пати повеќе од минатата година.
Поглед на казањскиот кремљ
Егор Алеев/TASSДури и сибирскиот град Краснојарск одеднаш стана летувалиште, бидејќи цела недела температурата беше над 30 степени Целзиусови. Жителите на Краснојарск го искористија ова време за веслање на штица стоејќи (суп-сурфање) и собирање на скара на бреговите на Енисеј!
Одмор на брегот на реката Енисеј
Иљја Најмушин/SputnikТверската област се наоѓа меѓу Москва и Санкт Петербург. Таа отсекогаш било место каде што човек може да се сокрие од жегата, но не и ова лето. На езерото Селигер воздухот се загреваше до 33 Целзиусови степени, а во Твер и до 34 Целзиусови степени. Посетителите велат дека овој јуни воопшто нема комарци и дека водата во езерото многу брзо се загреала.
Во Вологда на северот на Русија годинашниве летни горештини го соборија рекордот од 1939 година. Тогаш температурата се искачила на 30 степени, а во јуни 2021 година на 32,5 степени Целзиусови. Во Екатеринбург, главниот град на Урал, воздухот се загреа до триесетина степени, а еднаш беа забележани скоро 34 степени Целзиусови, и тоа беше најтоплиот ден во последните сто години. Дождови со пад на температурата се очекуваат во Русија дури следната недела.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче