Кирил Терешин или „Раце-базуки“
vk.com/slacker26rus/Global Look PressКирил Терешин го соопшти ова на „Инстаграм“.
Според овој жител на Пјатигорск, овој пат хирургот му го оперирал трицепсот на десната рака. На снимката може да се види дека тој дел на раката визуелно се „издувал“ по хируршката интервенција. Терешин истакна дека зафатот поминал успешно. Му се заблагодари на хирургот „кој му го спаси животот од тој отров“ и на медицинската сестра која по операцијата му ги чистеше и превиваше раните.
Терешин се прослави по учеството во телевизиски емисии во кои ги покажуваше своите големи бицепси. Повеќе пати тој изјави дека сака да се ослободи од таквите деформирани раце.
Кон крајот на 2019 година на Терешин му беше извршена операција во која му беше отстранет дел од опасните материи од мускулите на едната рака.
Според хирургот на Сеченовскиот универзитет Дмитриј Мељников, Терешин всушност ги зголемувал бицепсите со помош на инјекции вазелин.
Водителката на најпознатата руска ТВ-емисија за здравјето и медицината Елена Малишева исто така се обиде да му помогне. Во емисијата „Здравје“ таа го искара Терешин затоа што не ги следел препораките на лекарите и изјави дека ќе го води по ординации. Медиумите објавија дека лекарите поради сложеноста на процедурата долго време ги одлагаа операциите на воспалените мускули на Терешин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче