Одвеано со синтолот: „Рацете-базуки“ „испумпани“ на операционата маса

YouTube скриншот
Додека ги имаше „рацете-базуки“ го млатеше кој како ќе стигнеше, а сега мајка му го храни со лажичка. Рускиот Попај сепак може да биде среќен што воопшто ги зачува рацете.

Рускиот блогер Кирил Терешин, славен единствено како човекот кој во еден бицепс носеше околу шест килограми сè и сешто (почнал со инјектирање маслиново масло, лидокаин и бензил алкохол), денес конечно легна на операционата маса во една московска клиника. Операцијата поминала успешно, пренесуваат руските медиуми. „Рацете-базуки“ се минато.

Овој „билдер“ секако трпеше неподнослива болка сите овие години, но неговата желба беше да има милиони следбеници на социјалните мрежи, нешто што му успеа.

Терешин, наводно, и претходно се консултирал со хирурзи, но никој не се согласувал на операција, бидејќи дошле до заклучок дека рацете не можат да изгледаат како порано. Се зборуваше дури и за ампутација.

„Не знам колку клиники посетив во Русија. Во странство можат да помогнат, но скапо е. Би морал да собирам пари преку телевизија или преку луѓе“, велеше Терешин, човекот кој има речиси половина милион следбеници на „Инстаграм“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња