Кирил Терешин
vk.com/slacker26rus/Global Look PressКако што веќе знаеме, познатите раце-базуки се „издуваа“, нивниот сопственик Кирил Терешин реши дека е доволно „познат“ за да продолжи и понатаму да се мачи себеси носејќи во своите бицепси по шест литри токсични материи (Одвеано со синтолот: „Рацете-базуки“ „испумпани“ на операционата маса).
„Во рацете на Кирил беше најобичен вазелин, ни грам синтол“, вели хирургот Дмитриј Мељников. „Дечкото купувал во аптека обичен вазелин, го загревал и го инјектирал со шприц во рацете“.
На прашањето дали Кирил објаснил зошто го правел тоа, Мељников одговара дека тоа не ги интересирало лекарите.
„Нашата задача е едноставна, да помогнеме. Пациентот е тежок. Операцијата за која сега зборуваме е само првиот чекор во лекувањето“.
Хирургот додава дека претстојат серија операции. Вазелинот влегол во мускулното, поткожното и кожното ткиво. Сето тоа треба да се отстрани, а притоа да се зачуваат крвните садови, нервите и функционалноста на екстремитетите, вели хирургот.
„Неговите раце станале тврди како дрво, можевте да чукнете и да го слушнете тој карактеристичен звук. Ние го ослободивме од сето тоа. Инјектирањето вазелин под кожата е генерално штетно за целиот организам, од тоа страдаат и бубрезите. Мислам дека Кирил не бил свесен за последиците“, вели рускиот хирург.
За жал, ова не е редок случај во Русија, додава тој. На жените честопати им инјектираат вазелин. „Наместо на професионална скапа операција, тие се одлучуваат на варијантата со вазелин, а потоа доаѓаат кај нас да ги ослободиме од сето тоа. Видовме инјекции со вазелин скоро на сите делови на телото. Тоа е многу опасно, остава огромни лузни, па дури и доведува до смрт“, предупредува рускиот пластичен хирург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче