Рускиот бодибилдер Кирил Терешин, попознат како „Раце-базуки“ или „Попај“, го објасни на „Инстаграм“ својот пораз од друг руски блогер, фрикот наречен Олег Монгол.
Кирил пишува дека бил зачуден кога видел дека Монгол не влегол во октагонот пијан (што веќе ни кажува многу за овие борци).
Инаку, „Рацете-базуки“ никогаш не би учествувале во ваква борба доколку неговите фанови не инсистирале на социјалните мрежи, додава тој. „Јас не сум борец и никогаш не сум тренирал борба“, се правда Терешин, додавајќи дека му било многу тешко, бидејќи му „паднал имунитетот и му се покачила температурата“. Својата општа состојба на организмот тој ја опиша како вегетативна („организам на билка“, напиша Терешин) и рече дека луѓето немаат претстава колку му е напорно да ги крева рацете тешки по 6 килограми.
Терешин или Попеј, како што го нарекуваат во светските медиуми, додаде дека мажот е оној што го храни своето семејство. „Работам, заработувам пари“, објасни тој, прескокнувајќи ја ситницата дека сè уште нема основано семејство и истакна дека не секој може да се пофали со тие зборови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче