Архивска фотографиjа
Johnson Space Center/NASAОва го соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија за Камчатскиот крај, повикувајќи се на Камчатската група за реакција во случај на ерупција на вулкан.
„На 2 октомври 2019 година на вулканот Шивелуч е забележано исфрлање на пепел. Пепелта достигна висина од 9 километри“, се наведува во соопштението.
Поради правецот на дување на ветрот, пепелта се ширеше југоисточно од вулканот.
Не е забележано паѓање на пепелта во населбите во регионот. Не е исклучена можноста за пад на незначителна количина пепел во населбите на Уст-Камчатскиот реон.
Вулканот доби портокалова ознака на опасност за авијацијата.
Вулканот Шивелуч е најсеверниот активен вулкан на Камчатка и еден од најголемите. Дијаметарот на неговата основа достигнува 1300 километри, а неговата висина е 3283 метри.
Еве како изгледаше светлечкиот поток од кал (лахар) од вулканот Шивелуч во октомври 2013 година:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче