Руските геолози на полуостровот Јамал го открија првиот леден вулкан на светот

Департманот за внатрешна политика на Јамало-Ненецкиот автономен округ
Истражувачите од геолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ во рамките на експедицијата на полуостровот Јамал открија нова појава на Земјата: криовулкан. Вакви вулкани претходно се забележани само на ледените планети и планетоиди.

Геолозите го проучиле арктичкиот кратер кој е откриен во 2014 година. Според научниците, кратерот се наоѓа далеку од познатите наоѓалишта на гас и затоа причината за неговото настанување не е позната.

За време на експедицијата научниците успеале да утврдат дека кратерот се формирал како последица на експлозија на гас кој настанал како резултат на активноста на микроорганизмите во незамрзнатиот слој на пермафростот (вечно смрзнатата земја).

„Со примена на различни методи дојдовме до заклучок: јамалскиот кратер е нова природна појава која решивме да ја наречеме криовулкан по аналогија на терминот кој се користи во планетологијата“, објаснува професорот од катедрата за геохемија при МДУ Андреј Бичков.

Претходно руските научници објавија дека на Арктикот дошло до критично затоплување. Според нивните податоци, просечната годишна температура на воздухот во арктичката зона на Земјата била, според параметрите од минатата година, повисока од повеќегодишната норма за 3.23 степени Целзиусови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња