Во Калининград започнува изградбата на фрегатата „Адмирал Истомин“

Балтичкото бродоградилиште „Јантар“ во Калининград на 15 ноември 2013 ќе започне со изградба на нова фрегата од проектот 11356 за потребите на руската воена морнарица, пренесува централниот воено-морски портал.

Овој брод ќе биде петтата фрегата наменета за руската воена морнарица и ќе се вика „Адмирал Истомин“. Се очекува на свеченостите околу почетокот на изградбата да присуствува заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов и претставници од раководството на Обединетата корпорација за бродоградежништво.

Фрегатите од проектот 11356 се наменети за борба против бродови и подморници, а можат да служат и како ескортни бродови. Изградбата на првата фрегата од овој проект започна на 18 декември 2010. Претходно е соопштено дека три фрегати изградени во бродоградилиштето „Јантар“ ќе влезат во составот на руската Црноморска флота. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.