Си Ѓинпин го нарече Путин „најблизок пријател“

Reuters

Претседателот на Кина Си Ѓинпин, кој престојува во посета на Москва, изјави дека шефот на руската држава Владимир Путин е негов најблизок пријател.

„Ова е мојата осма посета на Русија од 2013 година. Претседателот Путин и јас воспоставивме блиска соработка и длабоки лични и пријателски односи. Изминативе шест месеци се сретнавме речиси триесет пати. Русија е земјата која најчесто ја посетував, а претседателот Путин е мојот најблизок пријател и добар колега”, рече кинескиот лидер, пренесуваат руските медиуми.

Како што истакна Ѓинпин, наведените факти зборуваат за високото ниво на билатералните односи и стратешката соработка на Русија и Кина.

Претседателот на Народна Република Кина Си Ѓинпин допатува вчера во тридневна официјална посета на Русија. Кинескиот лидер разговараше со Владимир Путин по што шефот на руската држава оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се на ниво без преседан.

Прочитајте повеќе: Како Путин и Си Ѓинпин пристигнаа во Московската зоолошка градина во „Аурус“ (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња