Очила за виртуелна реалност одведоа еден Московјанин во смрт

Getty Images
Очила за виртуелна реалност, сѐ попопуларни во Русија и во светот, иако на прв поглед звучи малку веројатно, се причина за бизарната смрт на еден Московјанин.

Во еден стан на северозападот на рускиот главен град сѐ почна да се одвива во лош правец кога еден 42-годишен маж стави очила за виртуелна реалност. Неговата мајка која со својот клуч влегла во станот затекла стравичен призор – синот кој со очилата и лицето кон подот лежи неподвижно, додека ѕидовите биле испрскани со крв.

Овој Московјанин купил очила за виртуелна реалност, ги ставил и почнал да оди по станот. Меѓутоа, призорот кој во тој момент го видел не бил според димензиите на еден обичен московски стан. Се препнал од стаклената масичка, паднал на неа, опасно се исекол и трагично го завршил животот поради губење на крв. Ова е прва смрт во Москва предизвикана од очила за виртуелна реалност, пишуваат руските медиуми.

Се утврди дека се работи за лице кое работело на развој на софтвер за беспилотни летала. Несреќниот маж работел во затворен објект во Москва и не раскажувал многу за својата работа.

Прочитајте зошто   во Русија се вложува во сајбер-спортот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња