Руски апликации сензација на App Store

Enlight Videoleap
Неколку руски апликации се пофалени за нивната практичност на iPhone и iPads. Една од нив е Magic (Магија), со која корисниците создаваат виртуелни маски.

Apple ги објави најдобрите игри и апликации за iPhone и iPad на компанијата за 2017 година. Меѓу победниците е руската апликација Magic (Магија).

Апликацијата користи дополнета реалност. Може да се користи за да се направат виртуелни маски и да се игра еквивалент на играта „Ну, погоди“ со помош на емоции, односно, променливи изрази на лицето.

„При крајот на годината планираме да создадеме уште една карактеристика во „Магија“, базирана на машинска опрема и 3D графика која може да ги изненади сите“, изјави основачот на проектот Ашот Габрељанов. „Оваа технологија е мешавина на невронски мрежи и дополнета реалност, но сега не можам да зборувам за деталите“.

Во август 2016 година истиот тим на развивачи ја објави апликацијата „Боршч“ за потрага по атрактивни јадења во блиските ресторани.

Претходно Габрељанов работеше во холдинг компанијата „Нови медиуми“ и телевизискиот канал „Лајф“, кои ги напуштил со цел да го следи својот сопствен проект: Да прави платформи за корисниците на Babo video.

Во 2017 година тој ја лансираше MakeApp, која требаше да отстранува и да нанесува виртуелна шминка на лицата на корисниците. Американските медиуми го критикуваа проектот како сексистички и навредлив за жените. Габрељанов вети дека ќе го тужи „Бизнис Инсајдер“ за клевета.

Уште една руска апликација која се искачи на врвот на App Store е Enlight Videolap од компанијата Lightricks, објавена пред само три месеци.

Апликацијата им дава на обичните корисници на паметни телефони можност да го покажат својот креативен потенцијал, користејќи ги инструментите за уредување видеа на iPhone.

Videoleap може да се користи за креирање на уметнички композиции, мешање на видеа и слики за да се добие двојна експозиција и креативен стил, како и да се користи за уредување на позадини, односно создавање позадини со видеа, специјални ефекти, текстови и слики.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња