Зошто Сталин не изврши анексија на Финска во Втората светска војна?

Getty Images, Sputnik, Pixabay, Public domain
Одлуката на советското раководство да не продира на територијата на Финска и да ја заврши таа војна во 1944 година доведе до тоа СССР и современа Русија на добијат еден од најмирните соседи.

Меѓу сојузниците на Хитлер, Финците заземаа посебно место. И покрај војната против СССР во Финска никогаш не беше воспоставен социјалистички режим, како што беше тоа примерот со Романија, Бугарија и Унгарија.

Финска никогаш го немаше потпишано Тројниот пакт. Финците истакнуваа дека водат своја војна против СССР (па, макар и како германски сојузници) за да ги вратат териториите одземени во Зимската војна. Но, по упадот во СССР финските трупи сепак ја преминаа границата на територијата која ја сметаа за своја.

Советскиот Сојуз не обрнувал внимание на оваа финска дипломатска нијанса и ги доживуваше Финците како агресори и како марионети на Хитлер. Советско-финскиот фронт беше уште едно боиште на Големата татковинска војна.

Во јуни 1941 година германско-финските трупи во Финска имаа над 400.000 луѓе. Но, и покрај планот Барбароса Финците не брзаа да тргнат во офанзива и не дозволија првиот напад да биде изведен од нивната територија.

Армијата на Финска сепак го прекрши договорот со Москва од 1940 година со кој е завршена Зимската војна со упад на демилитаризираната територија, а на германските воздушни сили им беше дозволено да ги користат финските аеродроми за бомбардирање на СССР. Советските бомбардери го нападнаа Хелсинки, а првите фински војници на 28 јуни ја преминаа границата и тргнаа кон Мурманск.

За време на офанзивата финската армија зазеде огромни територии од Мурманск на север до езерото Онега на југ. На 31 август Финците ја преминаа старата советско-финска граница во близина на Ленинград. Градот беше опколен и започна трагичната опсада.

Петозаводск (Карелија) за време на окупацијата

Финскиот маршал Густав Емил Манерхајм во јули 1941 година ги повтори зборовите изговорени за време на Финската граѓанска војна (1918): „Нема да го вратам мечот во футролата сѐ дури Финска и Источна Карелија не бидат слободни“. И додаде: „Војско! Твојата победа ќе ја ослободи Карелија и ќе создаде среќна и голема иднина на Финска!“. Сепак не сакаа сите Финци да учествуваат во тој „ослободувачки“ потфат. Се случувало цели единици да одбијат да ја преминат старата советско-финска граница и да продрат во длабочината на територијата на СССР.

Карл Манерхајм

По офанзивата од првите денови на војната Финците запреа. Немаше никакви големи операции до 1944 година. Финците дури се шегуваа дека на светот постојат три армии што не се борат: шведската, турската и 23 советска армија.

Поразот на германската војска во Курската битка многу ги загрижи. Советите се приближуваа кон Карелија, а финските политичари бараа воена помош од Берлин и го молеа Вашингтон да игра улога на посредник во преговорите со Советите (САД и Финска не беа во војна).

Летото 1944 година Црвената армија ја ослободи Карелија од финските окупатори. Но, силниот фински отпор и повремените воени успеси го натераа Сталин да се замисли дали навистина вреди да се влегува подлабоко на територијата на Финска.

„Денес е невозможно да се каже што навистина сакал“, вели историчарот Баир Иринчеев. „Ниту во 1940, ниту во 1944 година Сталин не се обидел да ја окупира целата територија на Финска, зашто тоа сепак не бил неговиот стратешки правец. Да се окупира Финска од Хелсинки од Оулу? Тоа е земја со големина на Велика Британија, слабо населена, тоа се потенцијални граѓански војни и неистражени ресурси...“

„Анексија на Финска не била цел на Сталин, барем воените архиви не го потврдуваат тоа“, вели финскиот историчар Охто Маниен. „Задачата беше советската морнарица да добие слободен премин низ Финскиот залив и Црвената армија да може да ги нападне Германците од север“.

Денот Д исто така одигра улога во тоа Советите мирно да излезат од Финска. Црвената армија по секоја цена морала да стаса до Берлин пред Американците и Британците.

Рускиот историчар Алексеј Комаров додава дека за Сталин било важно Финска да остане неутрална, барем во тој историски период. Финска требала да стане релативно пријателска земја, тампон-зона помеѓу СССР и Западот.

На 19 септември 1944 година Финска потпиша примирје со Советскиот Сојуз и со Британија. Ги отстапи деловите на Карелија, како и некои острови во Финскиот залив. Советите го добија правото 50 години да го користат полуостровот Поркала во близина на Хелсинки како морнаричка база (како гест на добра волја го вратија во 1956 година).

Откако ги избрка Финците од својата територија Црвената армија реши да запре. На крајот на краиштата СССР доби мирен, неутрален сосед и близок економски партнер.

Прочитајте исто така: Тајната операција „Копје“: Зошто Британија и Франција во 1940 планирале напад на Баку?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња