Романови биле втората и последна владејачка династија во Русија. Нивното владеење започнало во 1613 година кога на власт дошол Михаил Романов и траело над три века, сè до крвавата Февруарска револуција од 1917 година.
Романови отсекогаш биле опкружени со интриги и сплетки, а за деталите од убиството на царското семејство се зборува и по сто години.
„Тоа е вистинска семејна сага“, вели британскиот историчар и писател Сајмон Себаг Монтефјоре, автор на биографијата на Романови која стана бестселер.
Изданието Russia Beyond има објавено над 60 статии за династијата Романови и сè уште ја нема исцрпено оваа тема.
Кој бил првиот Романов?
Најстариот познат предок на Романови бил Андреј Кобила, кој во изворите се споменува во 1347 година.
Првиот владетел од оваа династија бил Михаил Романов (1596-1645). Неговиот дедо Никита бил главен советник на Иван Грозни. На 21 февруари 1613 година земскиот собор едногласно го избрал Михаил Романов за цар. Со жената си Евдокија Стрешнева Михаил имал десет деца, од кои шест умреле во детството.
Семејното стебло на Романови тешко може да се собере на една страница. На почетокот на 1917 година во целата династија имало 65 членови, од кои 32 мажи, од нив 18 биле на власт. По игра на судбината болшевиците во 1918 и во 1919 година убиле токму 18 члена на семејството Романови.
Кој бил најзначајниот Романов?
Петар Велики, познат и како Петар Први (1672-1725), бил внук на Михаил Романович и прв руски император. Спровел многубројни реформи, па може да се каже дека бил најзначајниот член на династијата Романови. Еве неколку интересни факти за него:
- Петар прв во Русија го донел европскиот начин на облекување, компирите (токму тој, во Русија дотогаш немало компир) и лалиња од Холандија.
- Направил „прозорец во Европа“, вовел фини манири и правила на бонтон.
- Петар Велики ги фрлил својот син во самица.
- Тој вовел обврска дека сите што служат во армијата мора да имаат мустаќи и ја унифицирал воената униформа.
- Негова љубов била Екатерина Прва.
Зошто Екатерина Велика е толку значајна?
Оваа германска принцеза е позната по своите освојувања и по љубовта кон просветителството. Само двајца руски владетели го имале називот „Велики“ – Екатерина Втора и Петар Први.
Еве неколку интересни факти за Екатерина Велика:
- Дошла на власт по државниот удар во 1762 година. Во 18 век промената на владетелот често била резултат на револуционерното дејствување на личното обезбедување или на луѓето од дворот.
- Екатерина Втора во 1783 година го припила Крим кон Русија. Таму денес се наоѓа нејзиниот реконструиран споменик.
- Таа двапати го има подарувано истиот дворец – најпрво на својот љубовник, потоа на сина си. Ова воопшто не е невообичаено. Многу членови на династијата Романови им подарувале дворци на своите миленици.
- Екатерина подарувала и други работи – лева ракавица, кочии, детски барабан, па дури и цело село.
- Попатниот дворец на Екатерина се наоѓа во Твер, помеѓу Москва и Санкт Петербург.
- Омилено јадење на Екатерина Велика било посебно подготвено варено говедско. Тоа била тајната на нејзината убавина и на нејзиното здравје.
Зошто смртта на Александар Први е толку мистериозна?
Александар Први бил најстариот син на Павел Први. Умрел во 1825 година под невообичаени околности. Набрзо се прочул глас дека царот всушност тајно го напуштил престолот. Според најпопуларната верзија, императорот живеел во Сибир речиси 40 години како пустиник, криејќи се под името Фјодор Кузмич.
Со анализа е докажано дека ракописот на царот е идентичен со оној на сибирскиот пустиник.
Александар сосема се разликувал од брата си Николај Први. Николај бил вистински војник и за време на своето владеење водел бројни војни со внатрешните и со надворешните непријатели.
Како е укинато кметството во Русија?
Александар Втори често се нарекува „Ослободител“ поради тоа што во 1861 година ги ослободил руските селани. Но, селаните не можеле веднаш да ја добијат слободата зашто земјата на која живееле сè уште била во сопственост на благородништвото, па биле принудени да останат во потчинета положба.
Неколку факти за Александар Втори:
- Царот Александар Втори бил убиен од припадниците на организацијата Народна волја. Тој тогаш имал 62 години.
- Љубов на неговиот живот била Екатерина Долгорукова.
- Преживеал вкупно пет обиди за атентат.
Кој бил последниот руски император?
Последен руски император бил Николај Втори. Неговото владеење било полно со контрадикторни настани, а определени непријатели му дале прекар Николај Крвавиот. Како и да е, денес 48% од Русите го почитуваат царот Николај Втори.
Царот Николај спровел некои важни реформи. Една од нив е реформата на униформата царска војска.
Каде живееле Романови?
Една од главните резиденции на династијата Романови бил Зимскиот дворец во Санкт Петербург. Од советско време тука се наоѓа главната експозиција на Државниот музеј Ермитаж. Оваа зграда ја проектирал познатиот руски архитект со италијанско потекло Бартоломео Франческо Растрели. Изградбата започнала во 1754 година за време на владеењето на Елизавета Прва, а завршена е во 1762 година за време на Екатерина Велика.
Во Санкт Петербург и во неговата околина се наоѓаат над 50 царски палати.
Членовите на царската династија сакале времето да го поминуваат во Царское Село, приградска летна резиденција која се наоѓа 24 километри јужно од Санкт Петербург. Петар Велики во 1708 година го подарил овој имот на својата жена Екатерина Прва. Денес тука се наоѓаат два дворци – Екатеринскиот дворец со познатата Килибарна соба која ја ограбиле нацистите и Александровскиот дворец. Иако Царское Село било летна резиденција на руските цареви, тоа многу поволшебно изгледа во зимски амбиент.
Разонодата на Романови
- Одмор
Дали сте знаеле дека Крим бил едно од омилените места за одмор на руските цареви во 19 век?
Николај Втори често го посетувал Севастопољ, град на брегот на Црното Море на Крим. Таму вршел смотра на флотата, присуствувал на официјални состаноци и на воени паради. Благодарение на белешките во дневниците и на архивските фотографии денес имаме слика за тоа време.
- Организирање дворски балови
Дворските балови биле незаобиколен начин на забава на руското благородништво. Последниот бал во Зимскиот дворец бил одржан кон крајот на февруари 1903 година. Бил мошне раскошен.
- Одење на лов
Ловот долги години бил привилегија на благородништвото. Но, за разлика од другите држави, во Русија ловот бил мошне разновиден, обемен и со богата историја. Царот Александар Втори бил многу добар ловец и своето знаење им го пренесувал на синовите.
- Хуманитарна дејност
Царското семејство често им помагало на сиромашните. Жената на императорот Александар Трети Марија Фјодоровна Романова работела во Црвениот крст на Русија на почетокот на 20 век.
- Спорт
Руските владетели многу го сакале спортот – играле шах со децата, билјард со странските офицери и возеле велосипеди низ просториите на Зимскиот дворец.
- Прослава на Божиќ
Романови ја потенцирале прославата на овој празник во Русија.
- Занимавање со магија
Некои членови на династијата Романови се занимавале со спиритизам. Зарем е можно такво нешто?
7 најчудни забави на руските цареви
Што јаделе руските владетели?
Проучивме неколку невообичаени факти од историјата на руската кујна. Откривме дека Иван Грозни бил радикален и во политиката и во кулинарството, дека реформаторот Петар Велики никогаш не јадел риба, а дека царицата Екатерина Велика им нудела на гостите фазани.
Убиството на царското семејство
Оваа страница од руската историја сè уште е преполна со мистерии. Кој ги убил Романови? Зошто? Како? Каде? И дали некој од нив успеал да преживее? Изданието Russia Beyond ги спои сите детали на овој крвав настан и истрагите.
Познато е дека на чело на одредот за стрелање на наоѓале двајца – Јуровски и Медведев-Кудрин.
Истрагата за убиството на руското царско семејство
10 важни факти за убиството на руското царско семејство
„Сè што сте сакале да знаете...“ е обемен водич за најпопуларните теми поврзани со Русија. Ние постојано работиме на нови материјали.
Дознајте повеќе:
Сечи ја брадата, да не ти ја сечам главата: Иновациите на Петар Велики
Долгиот пат кон слободата на крепосните селани во царска Русија
Родоначалникот на династијата Романови – добродушното момче што ги сакало цвеќињата