Анатолиј Семјохин / ТАСС
Случајот е отворен одново во 2015 година по барање на Руската православна црква, која сака да се потврди идентитетот на останките од царското семејство. Во 2000 година членовите на семејството и нивните слуги се прогласени за маченици од Руската православна црква.
Останките на цар Николај II, неговата сопруга Александра Фјодоровна, три од нивните деца и нивните слуги се откриени во 1991 година во близина на Екатеринбург, каде последните Романови биле егзекутирани на 17 јули 1918 година. До 2007 година, недалеку од местото каде што беа пронајдени останатите останките, пронајдени се и оние на принцот Алексеј и големата кнегинката Марија.
Алексеј Варфоломеев / РИА Новости
Иако сомнежите на руската црква, идентитетот на останките е потврден од голем број тестови спроведени на почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Русија и во странство. Според Владимир Соловјов, кој е одговорен за случајот, еден од тестовите вклучува крвен примерок од сопругот на кралицата Елизабета II, војводата од Единбург. Излегува дека тој е далечен роднина на царицата Александра Фјодоровна.
Игор Михалев / РИА Новости
Останките на Николај II, Александра Фјодоровна и нивните три ќерки се закопани со сите државни почести во катедралата Св. Петар и Павле во Петропавловската тврдина, Санкт Петербург во 1998 година, каде почиваат заедно со остатокот од семејството. Претседателот Борис Елцин присуствуваше на церемонијата, но патријарх Алексеј II одби да ја посети.
Телата се ексхумирани во 2015 година за да се земат ДНК-примероци за обновената истрага. Во октомври 2016 година патријархот Кирил рече дека тестовите наскоро ќе завршат. И до денес сепак останките на принцот Алексеј и неговата сестра Марија не се закопани - тие се чуваат во Рускиот државен архив.
ТАСС
По абдикацијата за време на февруарската револуција царското семејство се преселило во царската резиденција во Царское Село. Подоцна тие се преместени во сибирскиот град Тобољск, во близина на селото кадешто е роден познатиот Григориј Распутин – „нашиот драг пријател“, како што го нарекува Александра Фјодоровна. По болшевичкото востание во октомври новите власти ги селат во Екатеринбург, на Урал. Се зборува дека кога заминале од Царское село со два воза, тие, наводно, патуваат под јапонско знаме, како дел од јапонска мисија на Црвениот крст, за да избегнат евентуален линч од народот.
Global Look Press
За време на СССР официјално е објавено дека царското семејство е егзекутирано по наредба на уралската регионална советска влада, која тврди дека убиството е потребно, бидејќи се приближуваат чехословачки полкови - формации од воените затвореници од Првата светска војна. Тие им се спротивставиле на болшевиците во 1918 година. Советската влада исто така споменува „контрареволуционерен“ заговор, чија цел е да го ослободи поранешниот монарх. Всушност никакви докази за таков заговор не се откриени, но Чесите го заземат градот 8 дена по убиството на царското семејство.
Фотографија од архива
Во постсоветска Русија истрагата за убиството на последниот руски цар и неговото семејство доаѓа до заклучок дека тоа всушност е извршено по наредба на локалните власти во Урал. Нема документ кој докажува дека Владимир Ленин или друг болшевички лидер е вмешан во убиството на царот. Некои историчари тврдат дека Москва сакала да создаде пат за последниот император.
Истовремено некои од вмешаните во убиството потсетуваат дека во пресрет на егзекуцијата добиле телеграма од Москва со наредба за убиството на царот, но не и на целото семејство. Да се застрелаат сите Романови, кои се во Екатеринбург, е иницијатива на регионалната советска влада, чии членови се многу порадикални од болшевиците во Кремљ.
Global Look Press
Романови биле одведени до подрумот на Ипатиевата куќа кадешто се наредени до ѕидот. Тогаш тие се застрелани од комунистички одред. Членовите на семејството кои преживуваат при првиот напад (некои куршуми се одбиваат накитот скриен под облеката), се докрајчени со бајонети. Тогаш телата се однесени надвор од градот и фрлени во рудникот. Сепак, за да се ограничат шансите за откривање на нивните останки, војниците ги фрлат во необележан гроб и ги полиле со киселина.
Global Look Press
Првично советските власти само објавиле за смртта на Николај II. Некое време официјалната позиција е дека остатокот од семејството е евакуирано од Екатеринбург и дека се изгубиле во хаосот на руската граѓанска војна. Дури во почетокот на дваесеттите години од минатиот век учесници проговориле за деталите околу егзекуцијата.
РИА Новости
Иако е тешко да се поверува, руската јавност се возбудила многу од веста за убиството на царот. Николај II не е особено популарен меѓу руските граѓани. Според историчарите по падот на монархијата властите добиваат многу писма од јавноста со барање тој да биде убиен. Единствената очигледна реакција доаѓа од лидерот на православната црква - патријарх Тихон, кој го осудува убиството.
Getty Images
Лицето одговорно за пукањето - Јаков Јуровски, тврди дека го застрелал царот. Во 1920 година тој лично го испорачува во Москва накитот кој му припаѓа на царското семејство. Тој зазема важни позиции во новата болшевичка држава. Умира во 1938 година, но не како резултат на големата чистка на Сталин, ами од чир на желудник.
Ипатиевата куќа е урната во 1977 година кога регионалната влада е раководено од идниот руски претседател Борис Елцин. Подоцна на крвавото место е изградена црква која денес е светиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче