Извор: РИА Новости
Николај Соколов е лик кој е малку познат во руската историја. Сепак, благодарение токму на овој човек, светот сега може да биде уверен дека ја знае историјата за смртта на последниот руски цар.
Соколов е роден на 22 мај 1882 година во Пензенската губернија, се стекнал со правничко образование. До револуцијата тој служел како судски иследник. Во 1917 година дошол до иследник за особено важни дела во Пензенскиот окружен суд. По револуцијата и по соборувањето на монархијата тој останал верен на претходното уредување. „Соколов зел боледување и заминал во Сибир“, раскажува Владимир Соловјов, постар иследник-криминалист во Главната управа за криминалистика на Истражниот комитет на Русија, кој го наследил Соколов денес: од 1993 до 2011 година тој се наоѓа на чело на обновената истрага за Романови, која ја доведе до крај.
Нова истрага
За подробностите за убиството на царското семејство се пројавил интерес дури по распадот на СССР во 1993 година. Документите на Соколов морале да се бараат по целиот свет. Некаде е успеано да се добијат копии од материјалите, некаде се купуваа. Архивата на Соколов беше купена на аукција на Сотсби од страна на кнезот на Лихтенштајн, кој ја предаде на Русија. Поголемиот дел материјали од истрагата, како и од материјалните докази беа во Џорданвил во САД, во Брисел и во храмовите на Руската православна црква во странство.
Зад Урал иследникот се сретнал со претставник на Сибирската влада, која била организирана од белата армија за време на Граѓанската војна, и тој бил ангажиран во обвинителството на Иркутск, а потоа на Омск. Во Екатеринбург, каде што се случила трагедијата на императорското семејство, тој се нашол заедно со армијата на Сибирската влада 8 месеци по стрелањето на Николај Втори.
„На 5 февруари ме повика Адмиралот (Александар Колчак воен началник на белата армија – заб. авт.)... и ми ја довери истрагата“, пишува Соколов. Тој сфатил дека добил дело кое ќе стане мошне важно за историјата на Русија. „Во нашата судска работа често ја бараме вистината, оперирајќи со познати факти. Тука тие имаат посебен карактер: тие се историски факти“, пишува тој подоцна во својата книга „Убиството на царското семејство“.
Сега е очигледно дека без неговите податоци на современиците би им било тешко да се снајдат во настаните од тоа време. „Главната заслуга на Соколов е во тоа што тој успеал да докаже дека царското семејство навистина било стрелано“, вели денес Владимир Соловјов. Тогаш постоеле различни верзии за судбината на Романови, меѓу кои и такви кои довеле до појава на псевдонаследници“.
Истрага во Русија
Изјавите на сведоците, како и материјалните докази се сведувале на едно: „Убиството се случило на 17 јули“, ќе напише подоцна Соколов.
Како што е сега познато, од домот на Ипатјев чекистите очекувале во градот да влезе белата армија и брзале, тие ги однеле труповите на Романови во местенцето Ганина Јама, каде што се наоѓал еден напуштен рудник. „На ова место иследникот нашол голем број мали раздробени и изгорени фрагменти од коски, како и предмети кои биле препознаени од страна на лица блиски до царското семејство“, раскажува историчарката Људмила Ликова. Тогаш Соколов ја поставил теоријата дека телата биле запалени, подоцна овој заклучок беше негиран. Излезе дека по неуспешните обиди да ги запалат телата, чекистите ги закопале.
Емиграција и смрт
Белите претрпувале пораз и се повлекувале на исток. Соколов не ја прекинувал истрагата. Тој собрал непроценливи документи, ги зачувал и ги изнел од земјата, раскажува Ликова. Документите биле испратени во Франција во две партии: со воен брод и во специјален вагон со дипломатски печати. Самиот Соколов заминал од Русија во Париз во март 1920 година.
Во Европа роднините на Романови не ми поверувале на иследникот, тие сметале дека царското семејство е живо.
Во последните години од животот Соколов подготвил целосен извештај за истрагата за императорката Марија Фјодоровна, мајката на Николај Втори, и ја напишал книгата „Убиството на царското семејство“ според материјалите од истрагата. Останати се сведоштва за тоа дека иследникот сакал тајно да се врати во Русија и да ја продолжи истрагата. Соколов умрел на 43 години, во 1924 во Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче