„Гаспром“ е блиску до постигнување рекордна испорака на гас за Европа во оваа година и е подготвен да ги обезбеди сите дополнителни количини предвидени со договорите, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
„Колку што знам, „Гаспром“ е во постојан контакт со своите соработници во Европа. Сега сме блиску, и „Гаспром“ е блиску до постигнување рекордна испорака на гас за Европа во оваа година, односно сите дополнителни количини „Гаспром“ ги обезбедува во рамките на важечките договори. Што се однесува до преговорите за иднината, да бидам искрен, не знам и ве советувам да се обратите до корпорацијата“, им рече Песков на новинарите во средата, 6 октомври, одговарајќи на прашање за поскапувањето на гасот за Европа и неговите причини . „Русија повеќе пати соопшти дека е подготвена на разговор за нови долгорочни договори“, им рече Песков на новинарите.
Министерството за економски развој на Русија, во прогнозата за социо-економскиот развој што ја сочинува основата на предлог-буџетот на Русија за следните три години, очекува дека просечните извозни цени на рускиот гас за странство во 2022 година да бидат на нивото од 224,5 долари за илјада кубни метри, во 2023 година 206,7 долари и во 2024 година 194 долари. „Гаспром“ предвидува просечна цена на гасот за Европа во 2021 година од 269,6 долари за илјада кубни метри.
Руската страна истакнува дека сите важечки договори за испорака на гас за Европа „Гаспром“ ги реализира во целост. Тоа го потврдуваат и европските претставници и Европската комисија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче