Рускиот јаглен нагло поскапе во Европа

Слава Степанов/GELIO

Се забележува нагло зголемување на цената на рускиот јаглен во Европа, пишува „Комерсант“. Од мај, неговата цена е двојно зголемена, достигнувајќи 137 долари по тон (во споредба со 74 долари пред три месеци).

Растот на цените, исто така, влијае и на азиските пазари. При испорака за Далечниот Исток под услови на FOB (трошоците за испорака на стоки ги презема продавачот) цените достигнаа 146 долари по тон - наспроти 96 долари во мај.

Главната причина за поскапувањето на руската суровина на извозниот пазар е растот на цената на гасот, за чија алтернатива се смета јагленот. Покрај тоа, другите земји-снабдувачи на јаглен, главно Индонезија и ЈАР, го намалуваат обемот на извоз, што доведува до намалување на понудата на пазарот.

Главни потрошувачи на енергетскиот јаглен се електраните, кои го користат за производство на електрична енергија. На пример, во Германија, обемот на производство на јаглен се зголеми нагло поради слабите ветрови, што за возврат ја направи невозможна работата на ветерниците.

Според прогнозата на агенцијата „Платс“ што ја пренесува „Лента“, во блиска иднина јагленот ќе го смени гасот како гориво за електраните онаму, каде што има техничка можност за тоа.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња