„Гаспром“: Завршена изградбата на „Северен тек 2“

Максим Шеметов/Reuters
Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е целосно завршена, се наведува во соопштението на „Гаспром“.

„На утринскиот оперативен состанок во „Гаспром“, претседателот на Управниот одбор Алексеј Милер соопшти дека изградбата на гасоводот е целосно завршена утрово во 8:45 часот по московско време“, се вели во соопштението што го пренесува „Росијскаја газета“. Се очекува гасоводот да биде пуштен во употреба до крајот на 2021 година.

Како резултат на ова, хартиите од вредност на „Гаспром“ на московската берза веднаш скокнаа за 1,36 проценти и почнаа да чинат 330 рубли за една акција.

Гасоводот „Северен тек-2“ се состои од два крака кои поминуваат од рускиот брег на Балтичкото Море до Германија. Гасоводот беше поставен и во територијалните или ексклузивните економски зони на Финска, Шведска и Данска. Планирано е капацитетот на гасоводот да изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња