„Гаспром“ почнува со испорака на руски гас за Унгарија преку „Турски тек“

Србијагас
Гасот ќе оди преку Бугарија и Србија во текот на наредните 15 години, согласно новиот договор.

Компанијата „Гаспром“ почнува со испорака на гас за Унгарија преку „Турски тек“ преку Бугарија и Србија.

Компанијата MVM CEEnergy Ltd 27 потпиша на 27 септември договор со руската корпорација за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во наредните 15 години. Од тоа 3,5 милијарди кубни метри ќе пристигнуваат транзит преку Србија, а една милијарда преку Австрија. Договорот стапува на сила на 1 октомври и предвидува можност за промена на условите по 10 години.

Како што изјави заменик-претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Елена Бурмистрова, договорот гарантира сигурна и стабилна испорака на гас на Унгарија во наредните 15 години, а исто така обезбедува и диверзификација на патиштата по кои се испорачува „синото гориво“. На тој начин сега веќе седум европски земји можат да добијат гас преку „Турски тек“. Тоа се Бугарија, Грција, С. Македонија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња