Андреј Тарковски, еден од најценетите руски режисери, кој создаде филмови како што се „Ивановото детство“, „Андреј Рубљов“, „Огледало“ и „Сталкер“, беше мајстор за поставување незгодни прашања. Неговата научнофантастична сага „Соларис“ е филм кој може да ви го промени погледот на светот. Засновано врз романот на Станислав Лем, ова силно филмско остварување делува хипнотички и во целост ја преокупира имагинацијата на гледачот.
Крис Келвин, психолог, пристигнува на таинствена вселенска станица што лебди над планетата Соларис. Освен тројца научници кои работат во тој огромен простор, Крис среќава и „духови“ кои како да отелотворуваат некои од најболните и најсрамните човечки чувства. Келвин го прогонува покојната жена Хари (ја игра Наталија Бондарчук) која се убива по семејна препирка десет години претходно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче