15 препознатливи глетки од Русија од кои запира здивот (ФОТО)

Legion Media
Градови, златни куполи на руските храмови и величествени пејзажи. Русија нуди многу нешта што можат да се видат, а ова е само многу мал дел од нејзиното богатство!
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

12 јуни е национален празник наречен Ден на Русија. Тој го означува почетокот на модерната историја на оваа земја. Пред тоа постоеше Руската империја, потоа Советскиот Сојуз, а на 12 јуни 1990 година беше усвоена декларација за државен суверенитет и Русија стана независна модерна држава - Руска Федерација.

Значи, што се слави на тој ден? Во центарот на вниманието е самата Русија. А Русија ја сочинуваат околу 145 милиони луѓе во 85 региони и 11 временски зони на територија од 17 милиони квадратни километри. Во неа живеат преку 190 етнички групи кои зборуваат на 270 јазици и дијалекти и припаѓаат на различни религии (руското православие, исламот, будизмот и јудаизмот се најбројни религии).

Ова се некои од најкарактеристичните и најубави места во оваа голема земја.

Москва, главниот град на Русија и нејзината позната црква „Св. Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад

Величествениот дворец Петерхоф во Санкт Петербург, градот што го изградил Петар Велики за да отвори „прозорец“ кон Европа

Островот Кижи во Карелија, каде што се наоѓа најстарата зачувана дрвена црква во Русија

Ластовичкино гнездо на Крим, замок на врв на карпа во Јалта, на брегот на Црното море

Поларна светлина кај Мурманск, најголемиот град на светот зад Северниот поларен круг

Суздаљ, „најрускиот“ град во кој можете да ја доживеета атмосферата на стара Русија.

Тврдината Нарин-Кала во Дербент во Дагестан, еден од најстарите градови во Русија и на светот

Белогорскиот манастир во Перм, место на Урал кое зиме изгледа како од бајка

Бајкалското езеро, најголемото слатководно и најдлабоко езеро на светот

Чарскиот песочник, фасцинантна пустина опкружена со снежни планини во рускиот Сибир

Ленските столбови, фасцинантни варовнички карпи во Република Саха (Јакутија)

Ханти-Мансијск, северната земја со остатоци од мамути

Камчатка, земја на вулкани, гејзири и мечки

Живописен светилник во Владивосток, источниот мегалополис до кој води Транссибирската железничка магистрала долга 9000 километри

Калининград, руската енклава во Европа, и неговата танцувачка шума на Курскиот провлак

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња