Извор: AFP/East News
Русите почнаа со собирањето поени по прецизниот удар на Сергеј Широков. Потоа Финците успеаја да погодат двапати (се истакнаа Ииро Пакаринен и Оли Палола). Русите повторно ги покажаа своите сили преку Александар Овечкин и Евгениј Малкин. Во последниот период уште еден пак во голот на Финците заби Денис Зарипов. Победоносниот поен во натпреварот го оствари Виктор Тихонов – помладиот.
Како резултат на ова националната репрезентација стана петкратен шампион на светот. Доколку се земе предвид и историјата на СССР, тогаш може да се каже дека ова е 27 победа на Русите. На турнирот во Минск националната репрезентација извојува победа во десет меча, при што даде 42 и прими десет пака.
Русите го одиграа финалниот меч без тренерот на репрезентацијата Олег Знарк, кој беше дисквалификуван поради гестот кој беше протолкуван на различни начини, а кој беше упатен на адреса на шведскиот тренер Рикард Гронберг. Тој, обраќајќи му се на Гронберг, помина со средниот прст по своето грло.
Дисквалификацијата на тренерот не го измени расположението во екипата. „Олег Валерјевич е многу емотивен човек, тој одговара и за своите зборови и за својата репрезентација. Тој беше капетан на бродот, кој одеше по вистинскиот пат. И нашиот лидер, нашиот човек беше отстранет“, забележа капетанот на руската репрезентација Александар Овечкин во интервју за „Газета.ру“. „Ние се боревме за него, за роднините, за децата, за нашите семејства, за цела Русија. Сметам дека народот треба да се гордее со нас“, подвлече Овечкин.
По мечот, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, кој исто така присуствуваше на натпреварот, замина во соблекувалната на репрезентацијата, за да им честита за освоениот златен медал.
„Многу ви благодарам за прекрасната, чудесна игра. Можеме да се гордееме со тоа што имаме талентирана репрезентација со карактер, која постигнува резултати. Тоа е многу добро. <...> Виe израдувавте милиони луѓе. Многу ви благодарам“, им порача Путин.
За Финците ова е седмо сребро на светскиот шампионат. Третото место го зазеде репрезентацијата на Шведска, која ја победи Чешка со резултат 3:0.
Според материјалите на lenta.ru и gazeta.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче