Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости
На 10 февруари започнаа олимписките натпревари во брзо лизгање на кратки патеки. Во квалификациите на 1.500 метри кај мажите во полуфиналето влегоа Русите Виктор Ан и Семјон Елистратов. Во финалето се проба само натурализираниот Кореец Ан кој го освои бронзениот медал, пред спортистите од Канада и од Кина. Претседателот на Сојузот на лизгачи на Русија Алексеј Кравцов е задоволен од настапот на Ан: „Натпреварите тукушто започнаа, а руската репрезентација веќе го има третото место на 1.500 метри. Не се сомневам дека така и ќе продолжиме. Ан покажа дека се наоѓа во добра форма“. Олимпискиот шампион во Сочи на 1.500 метри, Канаѓанецот Чарлс Хемелин, е задоволен што Ан повторно настапува на натпреварите од највисок ранг: „Мило ми е што последниве две години Виктор Ан е повторно со нас. Паметам дека во 2006 година тој беше најсилен спортист, а јас му се восхитував“.
Во женските натпревари на 500 метри во четврт финалето од Русинките влезе само Софија Просвирнова, која според времето остана само зад Британката Елис Кристи. Другите спортистки ги напуштаат натпреварите: Татјана Бродулина беше дисквалификувана, Валерија Резник не постигна доволно добро време. Во полуфиналето на штафетата на 3.000 метри женската репрезентација на Русија беше поразена: спортистките во трката останаа зад Кореја и зад Канада, со што немаа шанса во последната етапа.
Во женската суперкомбинација денес надвор од конкуренција беше познатата Германка Марија Хефл-Риш. Претставничката на Русија Елена Јаковишина покажа сосема достоен резултат, заземајќи го четиринаесеттото место. „Во целост за нашата репрезентација ова е добар резултат – нашата репрезентација е сè уште млада, ние првпат настапуваме на Олимписките игри“, вака го оцени својот настап самата спортистка.
Добро стартуваа на олимпискиот турнир руските спортистки во карлинг. Тие уверено ја победија репрезентацијата на Данска со резултат 7:4. Лидерот на руската репрезентација Ана Сидорова подвлече: „Победивме, пред нас има уште многу натпревари, сега ќе мислиме на нив“. Спротивното, пак се случи во машката репрезентација, која изгуби од Велика Британија со 7:4.
Спортистите од брзо лизгање од машката репрезентација на Русија покажаа мошне скромни резултати на 500 метри. Почесниот пиедестал го зазедоа тројца Холанѓани: Михаил Милер (со резултат од 69,31 секунда), Јан Смеекинс и Роналд Милдер. Од Русите најдобар беше Денис Коваљ со резултат од 70.44 секунди, со што го зазеде тринаесеттото место.
Машката трка во персјут на 12.5 километри заврши без медали за руските биатлонисти. Во тројката најсилни се најдоа Мартен Фуркад (Франција), Ондржеј Моравец (Чешка) и неговиот сонародник Фуркада Жан-Гијом Беатрикс. Антон Шипулин, по четвртото место во спринт се сметаше за главна руска надеж во персјут, заврши четиринаесетти, а зад него беше уште еден Русин Евгениј Гараничев.
Најблиску до наградите од Русите беше Евгениј Устјугов – тој заврши петти, кој зад Фуркаду заостана за 36.7 секунди. Устјугов кој стартуваше шеснаесетти направи импресивен скок на единаесеттата позиција и доколку не направеше грешка можеше да смета на почесниот пиедестал. Но, среќата не им се насмевнува на руските стрелечки лизгачи. Причината за неуспехот во интервју за порталот Sportbox Устјугов ја објасни на следниов начин: „Направив сè што можев, се дадов во целост, се обидував. Специјално ја чував силата за последниот круг. На финишот бев многу изморен“. Но, и покрај тоа биатлонистот останува оптимист и верува во добри резултати на следните натпревари: „Доколку бидеме во истата состојба, имаме големи шанси“.
На крајот на денот руските навивачи можеа да се радуваат на уште еден медал: во натревари по слободно скијање кај мажите бронзениот медал го освои Русинот Александар Смишљаев. Златото го доби Канаѓанецот Александар Билодо, а среброто – уште еден претставник од земјата на јаворовиот лист Микаел Кингсбери. Оваа награда стана шеста за Русија. Вкупно сега има едно злато, две сребра и три бронзи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче