Русија и САД потпишаа меморандум за безбедно небо над Сирија

Наведениот документ ќе важи за авијацијата на сите земји од антиидиловската коалиција, сметаат во Министерството за одбрана на РФ.

Министерството за одбрана на РФ во вторникот добило од американската војска усогласен меморандум за спречување на воздушни инциденти во Сирија, соопшти портпаролот на министерството генерал-мајор Игор Конашенков.

„Буквално утринава добивме од нашите американски колеги потпишан меморандум за спречување на воздушни инциденти во Сириската Арапска Република. Сметаме дека наведениот документ ќе важи за авијацијата на сите земји од антиидиловската коалиција. Во секој случај, Американците се обврзаа да ги информираат за договорените правила сите свои партнери кои дејствуваат на територијата на Сирија“, изјави Конашенков.

„Ние, несомнено, го сметаме потпишувањето на ваквиот документ за важен чекор кој има практично значење“, потенцираше генералот, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња