„Титаник“ на Џејмс Камерон се појави во кината во 1996 година. Филмот кој е снимен за тогаш рекордни 200 милиони долари се отплати за само 25 дена. Но, пред „Оскарот“ и триумфот имаше многу перипетии. Продуцентите сметаа дека Камерон е луд, бидејќи тој, за тоа време, го сакаше невозможното, т.е. до детаљ да ги прикаже на филм оригиналните костими и ентериерот на потонатиот брод.
Камерон требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“, а единствените кои можеа да му помогнат во тоа беа Русите.
1994. Научноистражувачкиот брод „Академик Мстислав Келдиш“ се упати кон местото на катастрофата на нуклеарната подморница „Комсомолец“.
Роман Денисов Роман/TASSДесет години пред овој филм, излезе документарниот филм на Стивен Лоу за Титаник. Во него се прикажани автентични снимки од остатоците од потонатиот брод на длабочина од 3800 метри, направени со помош на руските батискафи „Мир-1“ и „Мир-2“. Тие беа окарактеризирани од Американскиот центар за развој на технологијата како најдобар апарат за операции во длабоки води. И режисерот отиде во Русија да поразговара со руските научници.
Тој отиде во Калининград, базното пристаниште на истражувачкиот брод „Академик Келдиш“, на кој се наоѓаа и двата батискафа „Мир“. Планот бараше детална студија и, се разбира, огромни средства.
„Му требаа две години добро да осмисли сè. И за нашата комуникација, исто така. Во тоа време разговаравме по факс. Тогаш сé уште немаше мејлови“, раскажува рускиот научник Анатолиј Сагалевич, кој со своите колеги се спушташе во батискафите „Мир“ до „Титаник“ за потребите на филмот на Стивен Лоу.
Анатолиј Сагалевич, шеф на лабораторијата за длабоководни апарати со екипаж. Во позадина, батискафот „Мир-1“ на Институтот за океанологија на РАН во хангарот на водечкиот брод на руската научна поларна флота „Академик Фјодоров“.
Лав Федосеев/TASSЗадачата беше навистина амбициозна, бидејќи целта на Камерон не беше само да го документира вистинскиот ентериер на Титаник, туку и да ги монтира тие снимки во филмот. Сепак, излезе дека студиската опрема не е погодна за тоа.
„Сакаше стерео снимка, сакаше да стави две камери во една кутија, а за тоа му требаа двојно потенки камери. Ги праша Sony и тие му рекоа дека можат да го направат тоа, но цената на камерата нема да биде 250000 долари, туку 1 милион долари. Камерон се согласи: „Во ред, ќе платам!’“, раскажа Евгениј Черњаев, акванаут кој работеше со Камерон.
Длабоководниот батискаф „Мир“ со човечки екипаж врши истражување на местото на потонатата подморница „Комсомолец“.
Роман Денисов Роман/TASSБродот „Академик Келдиш“ отплови со батискафите до местото каде што потона „Титаник“ и таму помина 20 дена. За тоа време Камерон успеа да нурне повеќе од 20 пати со тимот.
„За мене тоа беше грандиозна авантура, додека за Анатолиј и неговиот тим беше обична работа – „Да се направи нешто неверојатно пред ручек“, напиша режисерот во својата книга „Exploring the Deep“ (Истражување на длабочините). Според руските научници, тој бил одличен во нуркање и брзо учел.
Exploring the Deep
Insight Editions, 2017.„Притисокот е 500 атмосфери, што значи дека на прозорецот делува сила поголема од 160 тони, што е еднакво на тежината на 4 тенка“, раскажуваше Сагалевич за условите во кои се наоѓале батискафите.
Лентата во касетата беше доволна за 20 минути снимање, т.е. за едно нуркање. Камерата се наоѓаше надвор од бродот во специјално хидраулично куќиште. Исто така, на батискафите „Мир“ беа вградени мали модули на далечинско управување кои на кабел влегуваа во Титаник. Овие мали роботи на далечинско управување го обиколија целиот брод: салоните обраснати со алги, палубите, кабините и поминаа по должината на боковите на бродот.
„Влеговме во сите соби на Титаник, секаде каде што беше можно да се провлече опремата. Ѕирнавме во кабините, видовме кревети, мијалници, огледала. Знаевме кој во која кабина престојувал и ја најдовме облеката на тие луѓе, нивните лични работи. Дури го посетивме магацинот и го прегледавме товарот“, раскажуваше режисерот.
Џејмс Камерон, 1997.
Legion MediaА за снимањето под вода да има барем некаква смисла, стручњаците поставија на уредите халогени светилки со вжарено влакно од 1200 вати полнети со јод и жива.
Некои од подводните кадри влегоа во филмот, а повеќето од нив се искористени како документарен материјал, врз основа на кој се изработени макетата и ентериерот на „Титаник“.
Кадар од документарниот филм „Духовите на амбисот: Титаник“
Џејмс Камерон, 2003/ Walt Disney PicturesОфицијалната премиера на филмот се одржа на 1 ноември 1997 година на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Режисерот потоа сними уште четири филма со руските научници. Тоа беа документарните филмови: „Ghosts of the Abyss“ (Духови на амбисот, 2001), „Expedition: Bismarck“ („Експедиција: Бизмарк“, 2002), а на уште поголема длабочина од 4700 метри - „Last Mysteries of the Titanic“ („Последните мистерии на Титаник“, 2005) и научнопопуларниот филм „Aliens Of The Deep“ („Фантастични суштества од длабочините“) исто така во 2005 година.
Максималната длабочина до која можат да се спуштат овие батискафи е 6000 метри. Се смета дека тие можат да стигнат до длабочините на кои се наоѓа 98,5% од дното на целиот Светски океан. Тие се направени за научни истражувања и операции за подводно пребарување.
Батискафите првпат нурнаа во 1987 година и оттогаш, за само четири години, учествуваа во 35 научни експедиции.
Батискафите „Мир-1“ и „Мир-2“ се подготвуваат да нурнат на дното на Бајкалското езеро.
Марк Агнор/SputnikПокрај океанските длабочини, беа вршени истражувања на дното на Бајкалското езеро, најдлабокото езеро во светот. Дури и Владимир Путин во август 2009 година во батискафот „Мир“ се спушти на дното на Бајкалското езеро.
Во текот на 2000-тите тие беа користени за истражување на потонатата подморница „Курск“ во Баренцовото море. Исто така трагаа по потоната јапонска подморница што носела злато и го истражуваа дното на местото каде што потона борбениот брод „Бизмарк“ во Втората светска војна.
Руските батискафи „Мир“ во 2007 година први во светот се спуштија на на дното на Северниот Леден океан на длабочина од 4300 метри. Екипажот зеде примероци од почвата и постави на дното руско знаме од титаниум.
Батискафите сè уште се базирани во Калининград, но повеќе не учествуваат во експедиции и спасувачки операции. „Мир-1“ сега е експонат во Музејот на Светскиот океан (иако се напоменува дека е во исправна состојба и по потреба може да се врати на бродот „Келдиш“), а „Мир-2“ чмае во хангар во базата на Институтот за океанологија на Руската академија на науките.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче